ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието под регионалниот просек на отвореност за граѓаните

Собранието е втора по отвореност македонска институција, по Владата, која исполнува 78 отсто од индикаторите за отвореност

November 9, 2019 12:11
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Отвореноста на македонското Собрание за граѓаните е под регионалниот просек, покажува анализата на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“.

Во истражувањето Собранието добило индекс на отвореност од 63 отсто врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Во анализата се нагласува дека клучни елементи кои треба да ги подобри македонскиот, но и сите парламенти во регионот, се стратешкото планирање, имплементација на етичкиот кодекс за пратениците и, особено, реален парламентарен надзор. Од Службата на Собранието, кабинетот на генералниот секретар и од Парламентарниот институт објаснуваат дека активно работат на зголемување на отвореноста, но дел од забелешките во анализата се резултат на политички одлуки, или нивно неносење, на пратениците, пренесува МЕТА.

Собранието е втора по отвореност македонска институција, по Владата, која исполнува 78 отсто од индикаторите за отвореност.

„Отвореноста на Собранието на Република Северна Македонија е незначително подобрена во споредба со 2018, односно исполнува 63% од индикаторите за отвореност, што е за 5% повеќе од 2018 и 6% повеќе од 2017 година“, се наведува во анализата, во која усвојувањето на Етичкиот кодекс за однесување на пратениците се посочува како „речиси единствениот индикатор за активна транспарентност која ја придвижи активната отвореност на Собранието во последните три години“.

Меѓу замерките е необјавувањето на пратеничките плати и средствата кои тие ги побарале за надомест на патните трошоци.

Увид во трошоците на пратениците, објаснуваат во Службата на Собранието, во моментов може да се добие преку барање за пристап до информации од јавен карактер.

Поради можноста експерти и претставници на граѓанските организации да учествуваат на седници на работни тела, Собранието трета година по ред исполнува 61 отсто од индикаторите за консултативни процеси со јавноста при носењето на законите и другите политики. Но, слабост е што не постојат гаранции за учество на јавноста во овие процеси.

Анализата нотира дека и самото Собрание предвидело мерки за подобрување на консултативниот процес до 2021 година: до 30 отсто учество на експерти и до 70 отсто учество на граѓаните и граѓанските организации во работните тела, акт за регулирање и план за надзорните расправи.

Во минатите три години, забележуваат аналитичарите, е намалено донесувањето закони по скратена постапка, а минатата година, невообичаено, пратениците биле предлагачи на речиси половина од донесените закони.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Наталија Теодосиева (фото: Продукција „Врба“)

„Врба“ со азиска премиера на фестивалот во Тајпеј

НАЈНОВО

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk