Протест под мотото „Стоп за извршители“, се одржа денес во Скопје, пред порта Македонија.
Организациите „Човекот над профитот“, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), „No Pasaran“ и „Гласен Текстилец“, во повикот преку социјалните мрежи се јавуваат како организатори и повика на излезност на граѓаните
Активистот од „Стоп за извршители“ – Марјан Ристески, пред присутните граѓани пред порта Македонија, ги истакна барањата:
Запирање на присилната наплата од страна на извршителите; oтпис во целост на старите долгови и укинување на каматата од јавните претпријатија и државните фирми.