ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од 22 ноември, ќе се вакцинира и во три поликлини во Скопје

За претстојната сезона 2019-2020 година, како што наведуваат, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници

November 9, 2019 17:01
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година, пренесува МИА.

За претстојната сезона 2019-2020 година, како што наведуваат, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници.

Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од центрите за јавно здравство.

-Првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип,  покрај 10-те центри за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје, истакнуваат од Министерството за здравство.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари.

Според Министерството за здравство, вакцинацијата во ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока, а тоа е во февруари 2020 година.

Од Министерството за здравство наведуваат порачуваат  политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неточни информации во јавноста. -Ширењето лаги стана главната одлика за нивно функционирање, кои внесуваат забуна, недоверба и на штета на пациентите.  Сите постапки кои се спроведуваат во Министерството за здравство се законски, во рок, јавни, транспарентни и на увид на целата јавност, стои во соопштението, во кое се додава дека лековите се оригинални, квалитетни и не се од паралелен увоз, како што претходно беа набавувани.

Next Post

Макрадули: Саниран инцидентот во „Охис“, не постои никаква опасност

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk