ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Зибери: Изборите да се одложат пред да се закажат, 12 април опасен за интеграциите

Ако се загрозува ратификацијата на протоколот за членството во НАТО, тогаш изборите да се одложат пред истите да се закажат и пред да се распушти Собранието. Ова е едиствената опција која според правникот Насер Зибери им останува во располагање на политичките партии

November 9, 2019 18:15
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако се загрозува ратификацијата на протоколот за членството во НАТО, тогаш изборите да се одложат пред истите да се закажат и пред да се распушти Собранието. Ова е едиствената опција која според правникот Насер Зибери им останува во располагање на политичките партии.

Тој вели дека распуштањето на Собранието значи прекин на мандатот на пратениците. Уставот нема предвидено можност после распуштањето на Собранието повторно да се свика седница со истиот состав.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски, Зибери тврди дека членот 63 е дециден во тоа што распуштеното Собрание може да се свикува само во воена, или вонредна состојба.

Ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, според експертот по право, Насер Зибери, иако е важно, сепак не е ниту воена ниту вонредна ситуација.

Затоа. тој им препорачува на политичките партии проценките да ги прават на време и евентуалната одлука да ја донесат пред да се распушти Собранието.

Изборите може да се одложат во секој момент, додека Собранието не е распуштено, бидејќи одлуката за самораспуштање пратениците ја носат со абсолутно мнозинство, односно 61 гласа за од 120 колку што се вкупно пратеници. Се додека Собранието не е распуштено, датумот 12 април може да се пролонгира во секој момент, изјави правникот Насер Зибери.

Тој цени дека лидерите на политичките партии избрзале со договорот за предвремените парламентарни избори и истиот е постигнат под влијание на разочарувањето по неуспешниот самит на ЕУ. Според Насер Зибери, изборите на 12 април го загрозуват не само членството во НАТО туку и добивањето датум за преговори со Европската Унија.

Тој потсетува дека во новата стратегија за реформи во ЕУ може да се стават и нови услови кои би се барале да се исполнат до Самитот во мај, било тоа законски измени, или слични одлуки. Во таква ситуација Зибери вели дека земјава може да биде без Собрание, ќе нема кој да ги изгласа новите промени, или услови до мајскиот Самит кој ке се одржи во Загреб, па затоа може да не добиеме датум за преговори, овој пат по наша грешка.

Се поставува прашањето, што ако Франција предвидува нови правила за земјите кандидати за почеток на преговорите, а во меѓувреме ние имаме распуштено Собрание, незавршени избори, а конституирањето на Собранието до тогаш не е направено. Во ваква ситуација Северна Македонија може да не добие датум ни на следниот самит кој во Мај ке се одржи во Загреб и така почетокот на преговорите ризикуваме да се одложи до неизвесност. Мислам дека лидерите на политичките парти и претседателот требало да ги имаат предвид сите ситуации пред да донесат одлука за закажување датум за предвремени парламентарни избори, изјави Зибери.

Дебатата за одложување на изборите се отвори по изјавата на премиерот Заев кој најави можност за одложување на парламентарните избори доколку Шпанија не стига на време да конституира Собрание и да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Протоколот потоа треба да дојде во Скопје за ратификација во македонското Собрание а во случај на задоцнување од страна на Шпанија, нашето Собрание ке биде распуштено.

Против изјавата на Заев излезе лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој тврди дека во таква ситуација нема потреба да се одложат изборите туку може да се свикува вонредна седница само за ратификација на протоколот за членство во НАТО.

И претседателот на земјата, Стево Пендаровски тврдеше дека исто како што постои техничка Влада може да има и техничко Собрание и за тоа според него нема потреба да се одложат изборите.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, излезе против двете верзии. Тој беше дециден дека по распуштање на Собранието не може да се реализира ниту една од двете сценарија, ни да се свика седница за одложување на изборите, ниту за ратификација на протоколот за НАТО.

Арбен Зеќири

Next Post

За Пандев, мечот со Наполи не е обичен

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk