На вчерашната граѓанска трибина „На прав пат“ одржана во Охрид, обраќање кон присутните граѓани имаа: потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробеше државата, земаа од најсирмашните, ги дисркиминираа а денеска не можат ниту конструктивна опозиција да бидат особено кога интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот. Во Собранието земаат дневници нивните пратеници не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите. Срамно е тоа однесување, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.
Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10%, односно апокачувањето за вкупно 20% биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедиле покачување на платите а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари!, рече Царовска.
Пред граѓаните, Царовска говореше и за грижата за оние на кои помошта им е најпотребна, истакнувајќи дека со социјалната пензија се исправа еден вид на неправда кон оние граѓани кои од различни причини не успеале да остварат право на пензија.
Со социјалната пензија, обезбедуваме достоинствена старост за нашите сограѓани кои работеле, вложувале труд но поради одредени причини не успеале да ги исполнат критериумите за пензионирање. Досега 2.631 лице се стекнало со социјална пензија и сите тие денес добиваат месечен надоместок од 6.000 денари. Тоа е вистинска грижа за граѓаните и ќе продолжиме да реализираме мерки кои исправаат неправди и трајно извлекуваат од сиромаштија, заклучи потпретседателката Царовска.