ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Текстилните работници на протест во Штип против контстантната експлоатација од газдите

Повод се барањата на текстилните газди, меѓу кои продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите.

November 10, 2019 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Работничките од текстилна индустрија поддржани од невладината организација Гласен текстилец се охрабрија и денеска излегоа на протест со свои барања наспроти апсурдните на работодавачите. Преку протестот бараат подобри услови за работа, да запре мобингот и како што велат, заслужено покачување на минималната плата. Со транспатренти и пораки пред портите на некогашниот гигант „Астибо“ им порачаа на „газдите“ дека работниците се ничија сопственост.

Повод се барањата на текстилните газди, меѓу кои продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите.

Ова е веќе неопходно по скоро 30-годишната експлоатација и не вреднување на трудот! Се гледаме, стоеше во најавата за настанот.

„ Време е и работниците да се појават да го кренат својот глас и конечно да кажат дека условите во коишто работат, платата што ја земаат несоодвествува на нивниот труд. Триесет години беа робови, лоши услови за работа, со ниски плати, а наспроти тоа работодавачите бараат уште поголем скратување на нивните права. Денеска се собраа и еве да кажеме Стоп за нивните барања и да почнат повеќе да го ценат работникот и да им ја платат платат којашто ја заработуваат, вели Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека последните четири години има поголема свесност кај работниците за да ги кажат своите проблеми, но и да си ги заштитат правата. Смета дека поддршката што им ја дале заедно со „Гласен Тестилец“ работите ги сменија на терен, а работниците станаа многу похрабри.

На барањата на Кластерот за текстил  Хелсиншки комитет за човекови права регираше и претходно.

„Продолжување на работното време, укинување на празници за да нема дисконтинуитет во производството, замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок, дури и небулозни закани за штрајк на работодавачи се крајно недозволиви изјави и барања на сопствениците на фабрики – членови на текстилниот кластер“, реагираа од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Кај нас сега стигнуваат многу повеќе барања и претставки, пријавуваат кога им се прекршени правата. Мислам дека раздвижувањето им е забележително. Меѓутоа таа борба мора да биде уште поенергична од нивна страна. Ние секогаш ќе бидеме тука да им ја дадеме поддршката, но потребно е и тие самите таа битка да ја извојуваат и да бидат многу погласни, рече Пировска.

Оттаму потсетуваат дека до септември, до Комитетот се обратиле 1497 текстилни работнички од 60 конфекции од 12 различни градови.

Организаторите најавија дека ќе го радикализираат протестот во повеќе градови во земјава.

Текст и фотографии: Симона М. Живкова

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk