ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Рама упати критика за неучеството на Косово на лидерската средба

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од лидерската средба на државите од Западен Балкан во Охрид упати критика до Приштина што не учествува во Иницијативата за регионална соработка, притоа изразувајќи уверување дека Косово како дел од регионот ќе учествува на наредната средба предвидена да се одржи идниот месец во Драч.

November 10, 2019 17:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од лидерската средба на државите од Западен Балкан во Охрид упати критика до Приштина што не учествува во Иницијативата за регионална соработка, притоа изразувајќи уверување дека Косово како дел од регионот ќе учествува на наредната средба предвидена да се одржи идниот месец во Драч, пренесе МИА.

Рама рече дека фактот што Србија и Босна и Херцеговина се уште не ја признаваат независноста на Косово не треба да биде пречка претседателот односно премиерот на Косово рамноправно да учествува на ваквите лидерски средби и на тие средби да ги изнесуваат своите ставови по однос иницијативата за регионална соработка.

-Момент е да се каже лидерите на шестте држави од Западен Балкан сме се среќавале, сме седеле, разговарале во Софија, Лондон, Познан, Трст, Париз, Брисел, Берлин, Виена, Драч, Скопје, Сараево, во Улцињ и сме ги усогласиле ставовите по однос сите одредби содржани во иницијативата. Тие средби не резултираа со признавање на Косово од Србија и од БиХ, но тоа не беше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествуваат и на рамноправно ниво да дискутираат по однос иницијативата, рече Рама.

Албанскиот премиер забележа дека не може да види интерес од враќањето во времето на минатото кога доминираа исклучивост и неприфаќањето иницијативи, туку иднината на регионот ја гледа во јакнење на секаков вид меѓусебна соработката.

-Ниту јас сум го сменил мислењето дека Србија треба да го признае Косово, но нерешавањето на тоа прашање апсолутно не е оправдание Косово да биде исклучено од решавањето на проблемите на своите граѓани, рече Рама.

Next Post

Советот на амбасадори ги позравува залгањата на идниот Самит да се отвори прашањето и да се додели датум за преговори

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk