ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, известува МИА.

Кристијан Панов, невработен млад човек, кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и брат му Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов-Деко, а парите секогаш ги добивал во кеш.

Сведокот Иван Данаилов, кој кобната вечер бил гостин во дискотеката, објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал по што сите се струполиле и следно на што се сеќава е како лежи со приклештени нозе и бара помош.

Тоше Трендафилов, еден од повредените, раскажа како паднал на колена во метежот, бил газен и туркан, а двајца негови другари успеале да го извлечат надвор. Тој сведочеше дека претрпел сериозни повреди на раката, вратот и ушите за кои била потребна хируршка интервенција и дека и денес се соочува со болки и несоница.

Во судницата сведочеше и Мартин Китанов, кој раскажа дека при пожарот настанал хаос, се чувствувале топлина и чад, а на главната врата имало паднати луѓе. Како што посочи, тој се сопнал, паднал и бил притиснат од повеќе лица губејќи здив и надеж, но се сетил на своите две деца и добил сила да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе се обидувале да го извлечат сè додека едно момче, конечно, не успеало да го извлече до скалите.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска на рочиштето во „Идризово“ нагласи дека без ред и дисциплина, нема судење предупредувајќи дека секое нарушување на јавниот ред ќе биде санкционирано и тоа важи за сите – оштетени, обвинети и бранители. Таа потсети дека обвинетите имаат законско и уставно право на бранители и истакна дека досегашните нарушувања го отежнуваат спроведувањето на постапката. Предупредувањето го даде по реакцијата на адвокатката Ивана Коцевска, која побара исклучување на јавноста доколку продолжи да го нарушува процесот. Судијката додаде дека обвинетите се сметаат за невини до конечна пресуда и посочи дека во други случаи со повеќе жртви, како „Дурмо турс“, семејствата биле крајно коректни.

Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на следното рочиште закажано за 2 февруари предвидено е да се сослушуваат законски застапници на оштетените на предлог на Јавното обвинителство.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимални технички услови, со реконструкции, без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

 

Tags: исказиКочаниПулссудење
Next Post

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk