ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фејсбук отстрани 3 мрежи на руски тролови кои ширеле медиумски манипулации во Африка

Натаниел Глеичер, шефот за сајбер-безбедносни политики на Фејсбук објави дека на 30 октомври отстраниле три мрежи составени од анонимни профили, страници и групи кои се занимавале со странско мешање во политички систем на други земји преку „координирано неавтентично однесување“ на Фејсбук и Инстаграм. Мрежите биле по потекло од Русија и цел на нивната дезинформациска активност биле Мадагаскар, Централната Африканска Република, Мозамбик, Д.Р. Конго, Брегот на Слонова Коска, Камерун, Судан и Либија

November 13, 2019 18:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ, СКАНДАЛИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Натаниел Глеичер, шефот за сајбер-безбедносни политики на Фејсбук објави дека на 30 октомври отстраниле три мрежи составени од анонимни профили, страници и групи кои се занимавале со странско мешање во политички систем на други земји преку „координирано неавтентично однесување“ на Фејсбук и Инстаграм. Мрежите биле по потекло од Русија и цел на нивната дезинформациска активност биле Мадагаскар, Централната Африканска Република, Мозамбик, Д.Р. Конго, Брегот на Слонова Коска, Камерун, Судан и Либија, пренесува МЕТА.  

Истрагите на Фејсбук утврдиле дека иако протагонистите од трите мрежи се обиделе да ги скријат своите идентитети и меѓусебната координација при политички кампањи, сепак можело да утврдат дека се поврзани со рускиот финансиер Јевгениј Пригожин. Тој е од претходно обвинет во САД за мешање во изборите преку руската фирма наречена Агенција за истражување на интернет (АИР), наречена „фабрика за тролови“ од медиумите низ светот.  

Глеичер изјави дека во Фејсбук „константно работат да детектираат и запрат ваков тип активности бидејќи не сакаат нивните сервиси да се користат за манипулирање на луѓето. Ги симнуваме овие страници, групи и профили врз основа на нивното однесување, не врз основа на содржините кои ги објавил Во секој од овие случаи, луѓето што биле зад оваа активност се координирале меѓу себе и користеле лажни профили за лажно да се претстават, што беше основа за нашата акција“.  

фото: МЕТА

Фејсбук отстраниле 35 профили, 53 страници, седум групи и пет профили на Инстаграм кои биле поставени во Русија, а кои со фокусирале на Мадагаскар, Централната Африканска Република, Мозамбик, Д.Р. Конго, Брегот на Слонова Коска и Камерун. Преку комбинирани активности на профили кои биле водени од Русија и автентични профили на луѓе од тие земји ширеле манипулации поврзани со теми од локалните избори до меѓународната политика.  

Оваа прва отстранета мрежа на руски тролови комбинирано имала околу 475.000 следбеници, а преку неа за политички огласи од април 2018 до октомври 2019 година биле пласирани политички огласи во вредност од околу 77.000 долари.   

Втората мрежа била фокусирана на Судан, со 17 профили, 18 страници 3 групи и 6 профили на инстаграм од Русија, кои влијаеле на 457.000 следбеници, а потрошила 160 долари платени со руски рубљи. 

Либија била целна земја за третата руска мрежа која ја воделе преку 15 профили, 12 страници и една група, со 212.000 следбеници на Фејсбук и 29.300 луѓе на Инстаграм. На огласи потрошиле околу 10.000 долари, платени во долари, евра и египетски фунти.  

Минатата година „Мета.мк“ извести за новинарското истражување кое утврди дека оперативка на АИР специјализирана за воспоставување „армии на ботови“ била во службена посета на Северна Македонија во јуни 2015 година.  Ана Богачева, која е исто така обвинета од американскиот специјален советник Роберт Мулер за наводно мешање во изборите во САД, одбила да објасни за кого работела во земјава во месеците откако тогашниот претседател Иванов преку присуство на парадата по повод Денот на победата во Москва искажа поддршка за Путин, наспроти бојкотот на НАТО и сојузниците поради агресијата врз Украина.   

Неодамнешни сведоштва од функционери на тогашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ (министер и пратенички) укажуваат дека партијата има воспоставено армија на тролови по руски урнек. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk