ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мас: Германија ќе придонесе за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија

Северна Македонија цврсто и припаѓа на Европа. Сакаме ЕУ да го одржи зборот кон Северна Македонија и Албанија. Северна Македонија постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на тој пат. Не се работи само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за постоење на стабилен и сигурен регион во срцето на Европа, се наведува во пораката на Мас

November 13, 2019 16:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија ќе продолжи да дава свој придонес за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред доаѓањето во Скопје, пренесува МИА.

– Северна Македонија цврсто и припаѓа на Европа. Сакаме ЕУ да го одржи зборот кон Северна Македонија и Албанија. Северна Македонија постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на тој пат. Не се работи само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за постоење на стабилен и сигурен регион во срцето на Европа, се наведува во пораката на Мас.

Тој нагласува дека „заедничка цел е што побрз почеток на пристапните преговори“, за што, како што вели, денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Се радувам на разговорите и со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. Сега е важно да им се излезе во пресрет на очекувањата и надежите на граѓаните на Северна Македонија, потенцира Мас, порачувајќи дека земјава мора доследно да го продолжи патот на реформите и на владеењето на правото.

Како што најави Министерството за надворешни работи Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

По средбата, пак, на Пендаровски и Мас во „Вила Водно“, на заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и на претседателот на Република Северна Македонија, ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“, на која ќе учествуваат и претставници на државните власти, на правосудните органи, како и претставници на надлежни институции во оваа област.

Next Post

Жерновски: Добиваме нови шест милиони долари од сукцесијата на поранешна СФРЈ

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk