ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Никола Писарев: Расадник е биодиверзитетна оаза, глупаво е да се уништи

Просторот на Расадник е зелена биодиверзитетна оаза среде град и глупаво е да се уништи и наполни со згради особено затоа што најголемиот дел на просторот е празен односно нема објекти што овозможува и отвора многу опции

November 13, 2019 20:48
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Никола Писарев

Никола Писарев

Share on FacebookShare on Twitter

Урбани уметници и граѓански активисти реагираа креативно на најавата за донесувањето на ДУП кај Расадник во општина Кисела Вода, каде се планира да се изградат околу 100 згради:

– За гранките на дрвјата во Расадник, закачија „плодови“ – згради.

Расадник – згради на дрва. фото: Никола Писарев.

Не е првпат урбаните уметници и Центарот на современи уметности (ЦСУ) да ги обединат активизмот и уметноста. Ги памтиме: Ајкулите во Вардар, Статуата на Дијазепамот во Скопје, Риболовот на дупките од улиците во Велес, Статуата на Лебот и уште многу други креативни герила акции низ цела Македонија.

Активистот Никола Писарев, за тоа кој е мотивот да се организира оваа герила и кој би бил ефектот од една ваква граѓанска акција во изјава за ФРОНТЛАЈН ќе подвлече неколку поенти и размислувања како автор, активист и пред сè како граѓанин.

– Кој е мотивот да се организира оваа урбана герила?

Општ е впечатокот дека општините во Скопје (освен можеби Општина Центар) го гледаат празниот простор како касичка за наплаќање комуналии и заработка на огромни профити на градежните компании во коруптивна спрега со општинарите неразмислувајќи за изгледот на градот, неговата функционалност, јавниоте простори и јавното зеленило.

Големи урбани целини како што е Расадник, не смеат да се посматраат како градежни парцели за кој Деталните урбанистички планови (ДУП) се прават по методот – најевтина понуда на тендер, како да се едноставна јавна набавка  – тоа е страшно.

За вакви простори во нормалните земји се изработуваат детални урбанистичко архитектонски решенија кои овозможуваат многу поголема креативност. И тоа се прави на отворени (некогаш и меѓународни конкурси), така се добива убав град. Едновремено, просторот на Расадник е зелена биодиверзитетна оаза среде град и глупаво е да се уништи и наполни со згради особено затоа што најголемиот дел на просторот е празен односно нема објекти што овозможува и отвора многу опции.

Едноставно, сè почесто сме сведоци како општините го уништуваат градот. Оваа „двоглавост“  многу го чини Скопје последните години. Општините немаат капацитети (стручни, човечки) да го планираат градот, а имаат власт и моќ за тоа. Oд друга страна градот Скопје (градската управа) има значително поголеми стручни и човечки капацитети да ги води овие процеси, но нема власт и е само набљудувач на сопственото уништување. Резултатот е девастирачки за нас како граѓани, посочува Писарев.

– Што би се постигнало, кој би бил ефектот од ваков тип на граѓанска акција?

Како и секоја активистичка акција целта и на оваа акција е да ги мобилизира граѓаните, да ги информира за проблемот, за последиците и да се обиде да влијае за одржливо решавање на овој проблем. Делуваме сега бидејќи веќе утре може да биде доцна бидејќи штом се донесе ДУП може да се гради, а ако се вцртаат 100 згради тие еден ден и ќе се изградат.

Такви грешки гледаме во сите општни и затоа се обидуваме да ги мобилизираме и информираме граѓаните и да извршиме јавен притисок за ревизија и „припитомување“ на дупот за Расадник, бидејќи идејата за 100 згради е дивеење и изживување врз градот за сметка на креирање огромни профити на градежната индустрија и општината, заклучува Никола Писарев во изјавата за ФРОНТЛАЈН.

Кога дрвјата ќе родат уметност е убаво. Но, кога дрвјата ќе родат згради и ќе предупредуваат, па било тоа и во креативен уметнички израз, е метафора што навистина треба да нè загрижи сите, а да ги замисли надлежните.

Јане Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Судијката Оља Ристова: Да нема застарување на кривични дела сторени од функционер

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk