ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Карбинци ќе се градат патишта до три села

Три села од Општина Карбинци ќе добијат асфалтирани патишта. Договорот за изградба на локални патишта во должина од над два километри денеска и официјално го потпишаа градоначалникот Јордан Насев, директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион, Драгица Здравева и претставници на градежната компанија „Ескаваторе“. Средствата за реализација на овие проекти, доѓаат од Платежната агенција

November 13, 2019 17:08
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три села од Општина Карбинци ќе добијат асфалтирани патишта. Договорот за изградба на локални патишта во должина од над два километри денеска и официјално го потпишаа градоначалникот Јордан Насев, директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион, Драгица Здравева и претставници на градежната компанија „Ескаваторе“. Средствата за реализација на овие проекти, доѓаат од Платежната агенција, пренесе МИА.

-Вкупниот буџет на проектот е 15 милиони денари, со тоа што Данокот на додадена вредност е обврска на општината. Тоа се 2.300.000 денари, а 12.700.000 денари се од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, вели Здравева.

Градоначалникот на Карбинци појаснува дека со тие пари ќе се градат три пристапни патишта. -Спој на регионален пат со населени места Калузлија, Ќепекчилија и викенд населба Вртешка. Вкупно се опфатени околу 60 домаќинства, а се работи за 2.200 метри пристапни патишта, рече Насев.

Претставниците на фирмата „Ескаваторе“ истакнаа дека имаат четири ефективни месеци за реализација на овој проект, а жителите на селата кои сега на одредени делови патуваат и газат во кал велат дека конечно напролет очекуваат да им се реши најголемиот проблем. Жителите од овие две села и од викенд населбата Вртешка во планината Плачковица во текот на зимата имаат најголеми проблеми за транспорт на храна како за домаќинствата, така и за стоката, но и за превоз на учениците, кои наставата ја посетуваат во село Карбинци или во Штип.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се помалку млади сакаат да се занимаваат со новинарство

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Синер награден со рекет од чисто злато по освојувањето на „Слемот на шесте кралеви“

October 19, 2025
ВИ

Меси стана најдобар стрелец во регуларната сезона на МЛС

October 19, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности на ЦИВИЛ

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk