ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

За три пати е зголемено производството на сончоглед

Успешно заврши проектот Договорно производство на сончоглед 2019 во организација на Асоцијацијата на производители на сончоглед, откупувачот – Фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес и Владата. Според податоците на откупувачот, годинава се откупени три пати повеќе сончоглед од минатата година, пренесуваат од Агротим

November 13, 2019 15:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Успешно заврши проектот Договорно производство на сончоглед 2019 во организација на Асоцијацијата на производители на сончоглед, откупувачот – Фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес и Владата. Според податоците на откупувачот, годинава се откупени три пати повеќе сончоглед од минатата година, пренесуваат од Агротим.

-Лани откупивме 2 300 тони, годинава со договорното производство имаме околу 7000 тони сончоглед од домашно производство. Задоволни сме од откупот, заштедивме девизи за увоз, а не охрабрија и земјоделците со желбата да сеат и полека да го враќаме сончогледот на македонските ниви – изјави Горанчо Лазов, генерален директор на АД „Благој Ѓорев“.

Земјоделците се задоволни од соработката со откупувачот „Благој Ѓорев“ за која велат дека била коректна и согласно договорот.
-Годинава имавме зголемен интерес за сеење на сончоглед поради сигурниот пласман но и зголемените субвенции од страна на државата која ни излезе во пресрет на нашите барања. Уште малку повеќе да не послужеше времето, годинава ќе имавме рекордни приноси – вели Никола Петковски, претседател на Асоцијацијата на производители на сончоглед.

Со ова позитивно искуство од реколта 2019, работната група ја најавува новата кампања на Договорно производство за 2020 година.

– Ќе одржуваме трибини, средби со земјоделците во цела држава каде што успева оваа култура и ќе разговараме како до повисоки приноси и подобар квалитет. Разговараме со г-динот Лазов, во договорите да има и загарантирана цена под која нема да може да се оди. Доколку на берзата цената е повисока тогаш да се доплати до берзанската цена. Сметам дека ова ќе значи уште поголем мотив за производителите заедно со значително зголемените субвенции за сончоглед од страна на државата – изјави Ленче Николовска од Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот и агроберза.

Во работната група за Договорното производство на сончоглед е вклучена и фирмата „Биспромет Агроцентар“ од Битола преку авансирање на семе и останати репроматеријали во соработка со откупувачот- Благој Ѓорев.

-Во соработка со „Благој Ѓорев“, ќе им дадеме на земјоделските производители семенски материјал и други репроматеријали на одложено плаќање. Нашите семиња се висококвалитен, од познати еропски и светски семенарски куќи , докажани во светот кои гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството- вели Никола Ѓероски, директор на „Биспромет Агроцентар“.

Кампањата ќе стартува следната недела со трибина во Битола, а потоа средби со земјоделците ќе има и во Прилеп, Свети Николе, Велес, Куманово, Битола и други региони каде што успеава сончогледот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk