Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде изграден во 2020 година. Оваа го изјави премиерот Зоран Заев при посета во Тетово, пред почетокот на владината седница која се одржа во зградата на општина Тетово.
Заев објасни дека со овој проект од следната година придобивки ќе имаат и граѓаните на Полошкиот и еко-системот во овој регион.
„Со овој проект вреден 29 милиони евра ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе влијае на намалување на трошоците на бизнисот и домаќинствата.
Гасот, заедно со другите мерки за намалување на загадениот воздух, како што се субвенциите за клима инверторите, програмата за субвенционирање на филтри за прочистување на штетните емисии на гасови кај малите и средни компании, и повеќе други, е нашиот придонес за решавање на ова прашање”, изјави Заев.
Пред владината седницата, владините функционери реализираа средби и посети на различни локации во Тетово и Гостивар.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на локацијата и направи увид во градежни работи на системот за наводнување Реван-Речица. Овој проект од Владата на Заев е ценет како витално значење за зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион.
А.Зеќири