ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стопанската комора на Македонија и „Македонија 2025“ ќе ја унапредуваат соработката

Меморандум за соработка за зацрврстување на деловната комуникација помеѓу бизнис заедницата во земјава и македонските бизнисмени во странство потпишаа Стопанската комора на Македонија и „Македонија 2025“. Меморандумот го потпишаа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф

November 14, 2019 11:20
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандум за соработка за зацрврстување на деловната комуникација помеѓу бизнис заедницата во земјава и македонските бизнисмени во странство потпишаа Стопанската комора на Македонија и „Македонија 2025“. Меморандумот го потпишаа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф, пренесува МИА.

Целта, соопшти Стопанската комора на Македонија, е со заеднички активности на Комората и „Македонија 2025“, домашните компании да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.

Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката и зголемени извозно-увозни активности, организација на трибини, презентации, конференции од заемен интерес, трансфер на знаење преку различни форми на едукација (семинари, обуки), организирање и спроведување заеднички истражувачки проекти.

-Стопанството во една држава може да оставарува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности, вели претседателот Азески, и истакна дека со потпишување на Меморандумот со „Македонија 2025“ се формираше кругот од сите бизнис институции кои на локално, регионално и меѓународно ниво ги поддржуваат компаниите ставајќи им ги на располагање ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти и им ја отвора по смело вратата на странските пазари.

Потврда за тоа, како што стои во соопштението, е работата на фирмите во рамки на здруженијата, асоцијациите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка е на Асоцијацијата на Балкански Комори, на EUROCHAMBER, активно е вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан, а е воспоставена официјална соработка и со „Македонија 2025“.

Претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Вера Ставроф, изрази благодарност за воспставената соработка со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на подршка во иновативни процеси со цел поттикнување на извозните активности на компаниите.

Next Post

Самит Македонија 2025: Да се инвестира во младите и да се слуша гласот на бизнисот

НАЈНОВО

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

November 2, 2025

Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

November 2, 2025
Скриншот

Хегсет: Вашингтон и Пекинг ќе воспостават директни канали за воена комуникација

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk