ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Насилството над жените од ромска националност зголемено за 25 проценти

Според извршниот директор на националниот ромски центар Ашмед Елезоски главно е семејното насилство, но и има и други видови кои не запираат, но се зголемуваат. Најголем проблем е што се крие и не се пријавува

November 16, 2019 17:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Последниве пет години за 25 отсто се зголемило физичкото, психолошкото и економското насилство над жените и девојките од ромската националност, но и насилството кај жените, воопшто бележи пораст и неопходна е системска акција на институциите и заедницата, смета здружението Национален ромски центар од Куманово кое годинава спроведе истражување во шест градови за достапност и пристапот до услуги за жени и девојки Ромки кои преживеале насилство, во рамки на проектот „Поддршка на жени Ромки да ги идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми пристапот до услуги за оние што кои преживеале насилство“, со поддршка на UN Women и Европската Унија, истражува Елизабета Митреска за МИА.

Според извршниот директор на националниот ромски центар Ашмед Елезоски главно е семејното насилство, но и има и други видови кои не запираат, но се зголемуваат. Најголем проблем е што се крие и не се пријавува.

– Во сите анализи, а пред сѐ, дејствувајќи во неколку градови: во Куманово, Прилеп, Кичево, Кочани, во Штип и во Велес, заклучивме дека бројката на насилството врз жените- Ромки и девојките не се намалува, туку во однос на претходните години, се зголемила за 25 отсто и достигнува до 60 отсто и прекршени се нивните права – правото на нормален живот, правото на вработување, на едукација, правото на воспитување на своите деца и правото во брачната заедница. Ние имаме насилство кое секојдневно се случува и е повеќе прикриено, отколку објавено од повеќе причини. Пред сѐ, поради страв, нефункционирање на одредени релевантни институции, иако се говори дека имаме разни методи како што е пријавувањето на телефон со заштита на идентитетот на жртвата. Имаме регистрирано случаи во кои се нарушува демократијата, вели Елезоски.

Тој нагласи дека сиромаштијата и економската зависност си го прават своето.

– Најголемата причина за насилството е статусот на жените, односно финансиската и едукативната состојба. Главно, финансиската зависност го покренува насилството. Затоа имаме и мигрирање, рани бракови и малолетни мајки. Жените-ромки се уште го чекаат законот за регистрирање, зашто голем број ги нема во евиденцијата. Главно сиромаштијата го генерира насилството во семејството. А тоа, пак, не се санкционира. Во Европа, ако жената пријави насилство, ги добива сите заштити. Кај нас не е така. Имаме случаи, без разлика дали жената е Македонка, Ромка, Албанка, таа е претепана пет пати, но не добива никаква заштита, а насилникот си живее без санкција. Системот ја носи вината, а пресудно е кај луѓето кои од било кои побуди не интервенираат, објаснува Елезоски.

Тој истакна дека неопходно е сите институции да го покренат нивото на активност.

– Во моментов, треба да ги охрабриме сите жени, и тоа јавно. Ако само пријавиме, ништо не сме направиле. Има случаи кои цели пет години останувата нерешени. Проблемот се решава ако излезе во јавноста, а медиумите најмногу може да помогнат. Важно е да се пријави и кај народниот правобранител. Оваа ситуација е многу болна со огромни последици, смета Елезовски.

Катерина Шоиќ од Националниот ромски центар вели дека мора да им се овозможи самосвест на жрвите, да знаат кој и како ќе им помогне дека имаат бесплатна правна помош од народниот правобранител. Најголемиот проблен – непријавувањето насилство мора да се надмине. На пример во Прилеп за 10 месеци имавме 10 случаи, а во реалноста се четирипати повеќе.

– Ги охрабруваме жените-жртви на насилство да пријавуваат во Центрите за социјални работи, во полициските станици, во сите граѓански организации на локално ниво кои пружаат услуги за жртви, да се искористат сите механизми за да се освестат за сите видови насилство. Да се пријават, не само насилството, туку и дискриминацијата и во канцеларијата на народниот правобранител. И што е битно, да побараат бесплатна правна помош во подрачните единици на Министерството за правда. Многу е мал бројот на оние што приавуваат. На пример, во Прилеп за десет месеци, 10 жени имаат пријавено и побарано заштита во нашата организација, проследено е низ системот и имаат добиено заштита. Но, она што е специфично кај случаите на семејното насилство, е што жените се откажуваат. Најчесто, тоа е нов обид да се зачува семејството. Тоа е она на што треба посериозно да се работи. Не само да ги иницираме постапките, туку да се истрае и да се завршат постапките и овие жени да имаат целосна интеграција во општеството. Треба да се поттикнат локалните заедници, малите и средни претпријатија да се вклучат за да им се обезбеди економска независност на тие жени, рече Шоиќ.

Националниот ромски центар анализите ги претставува во сите шест града, а извештајот ќе биде готов до крајот на годинава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025
Фото: Сектор филм

Започна снимањето на филмот „Потстанар“ во режија на Марко Ѓоковиќ

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk