„Денес, на ден 16.11.2019 година, со почеток од 19 часот, во Занатски дом, Куманово, во рамките на „Ноемвриски денови” и во чест на 11 Ноември, Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот 500 години постоење на Куманово, во Куманово се одржуваат по вторпат „Поткозјачки литературни средби” 2019.
Учествуваат поети писатели: Ирена Белешковска, Оливера Доцевска , Емилија Колевска , Ана Љубиќ , Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски , Кристина Николова, Мишел Павловски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова.
Вечерта ќе ја збогатат со музика и сценски настап Дарко Трајковски на гитара и младите актери Мики Јаневски и Симона Атанасовска, кои ќе изведат дел од пиесата во стихови – (на рок музичка тема – Love of my love (Queen), настанот ќе го овековечи со фотографија младиот талент Миња Стаменковска, а низ настанот ќе ги води гостите и учесниците – Наташа Крушиќ Лазаревска.
Поткозјачките литературни средби 2019 се организирани од страна на Јустиција – Куманово и Центарот за култура и културолошки студии – Скопје, под покровителство на Градоначалник и Општина Куманово, и во соработката со ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.”