Подигаме нов дрворед во срцето на Скопје. Нови 26 високо квалитетни јавори ќе го красат нашиот град. П.С. Во понеделник се возобновува и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот ФБ профил.
Ианку, по барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени, соопштуваат од Град Скопје.
Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.
Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.
Јавноста во текот на вчерашниот ден многу жестоко реагираше на сечењето на старите јапоснки цреши, па дури имаше разни квалификации и навреди на адреса на локалната власт.