ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставните судии утре ќе дискутираат за иницијативата по членот 353, став 5 од КЗ – Злоупотреба на Буџетот на граѓаните од страна на високи функционери

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери. 

November 18, 2019 18:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за утре закажал колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираат по иницијативата за членот 353, став 5 од Кривичниот законик, а која се однесува за злоупотреба на службената положба. По овој предмет уставните судии дискутира на последата седница, а гласањето беше одложено за следната седница.

-Ние во Уставниот суд имаме сериозен пристап за секој предмет. Предметот се одложи минатата седмица. Утре поради сериозноста на работата закажав колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираме за оваа проблематика. Откога ќе завршиме со колегиумот ќе заземе став за понатамошната постапка, изјави Мурати одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Мурати рече дека предметот било на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика.

-Секој судија си има свој пристап во предметот и јас како судија имав свој став и свое стојалиште, но поради  интересот на јавноста во Република Македонија предметот во договор со судиите минатата недела го одложивме. Утре имаме колегиум само за таа точка. Сите судии имаат сериозен пристап по предметот и по колегиумот ќе го утврдиме понатамошниот тек на предметот, истакна Мурати.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери.

Еленко Миланов е адвокатот на Миле Јанакиески и на Никола Груевски. Тој предлага да се укине овој член, или да се прифати претходната поблага одредба, која пред 2009 година била за овие злоупотреби 4 години затвор минимум, што ако се прифати, застаруваат сите вакви дела за обвинетите функциoнери од СЈО, и особено големиот број истраги кои чекаат да бидат распоредени од Државниот обвинител Љубомир Јовески.

Инаку пред неколку денови, новиот претседател на Уставен суд, Сали Мурати рече:

„Јас не гледам непрецизност во одредбата. Оваа норма не е тазе норма, уште од 2004 година е. Се работи за големи злоупотреби на средства на граѓаните. Ние не треба да се мешаме во креирање на казнената политика, што е работа на Владата и на Собранието. Не е тоа наша работа. Замислете да ја нема оваа одредба. Што ќе биде? Секаде во светот располагањето со буџетските пари на граѓаните е содржана во најтешките кривични дела. Овие норми и тоа како се потребни во земјите во транзиција. Ако ја олабавиме казната, бројот на овие кривични дела уште толку ќе се зголеми“, а потоа Мурати праша: „А зошто невин да се плаши од оваа норма? Се плаши само виновен функционер. Јас сметам дека сегашната норма треба да остане“.

Next Post

Прилеп: Деветто издание на турнирот во мал фудбал „Св. Никола“

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk