ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бизнисмени и Владата разговараа за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии

Преку партнерски дијалог се креира амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија, информирајќи за средбата на претставници на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори со премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим

November 19, 2019 15:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку партнерски дијалог се креира амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија, информирајќи за средбата на претставници на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори со премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим, пренесе МИА.

На средбата се разговарале за воведување автономни мерки за увозни царински давачки на репроматеријали и суровини, отворените прашања околу областите работни односи и безбедност и здравје при работа, системското решавање на проблемот со недостиг од квалификуван кадар и потребата од реформи во образовниот систем. Тема на дискусиите биле и рамномерниот регионален развој, мерките од даночната политика и други предлози за зајакнување на конкурентноста на компаниите.

Како што нагласи Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата, средбата беше одлична прилика уште еднаш, непосредно, да се запознаат креаторите на економските политики со сетот барања за подобрување на условите за водење бизнис во земјава, но и со понудените решенија за олеснување на работењето во специфични области, со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странскиот капитал во земјата, соопшти Стопанската комора на Македонија, во чии рамки функционира Советот на странски инвеститори.

Во врска со усогласувањето со царинските стапки на ЕУ, како една од сугестиите што дојдоа од страна на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, било посочено дека во овој момент обврска на Република Северна Македонија е да ја усогласува Царинската тарифа со измените во ЕУ само во делот на системот на имиња на стоката, системот на нумеричко означување, единечните мерки, како и забелешките кон соодветните оддели и глави. Не се врши усогласување во делот на царинските стапки и тие обврски земјата ќе ги има по пристапувањето во членство кога ќе се применува Царинската тарифа на ЕУ.  Притоа, Владата излегла во пресрет на барањата на компаниите за воведување автономни мерки во областите каде најмногу има потреба од усогласување, а се од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста.

Премиерот истакнал дека Владата е одлучна и посветена да го продолжи ваквиот систематизиран пристап на организација на состаноците и комуникација со надлежните институции околу проблемите и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот, бидејќи е од голема помош за изнаоѓање флексибилни решенија, но и презентирање на можностите кои државата ги презема со цел да излезе во пресрет на компаниите.

– Тоа е одличен начин директно од индустријата, да се информираме за потенцијалите за унапредување на бизнис климата и на тој начин да го усовршуваме системот за поддршка на странските инвестиции. Најважно од оваа комуникација е што овие средби и разговори се секогаш од огромна придобивка и за бизнис-секторот и за граѓаните, зашто новите инвестиции отвораат нови работни места, повисоки плати и повисок стандард на живеење, нагласил Заев.

Овие иницијативи, посочуваат од комората, се особено важни за работата на  компаниите, без разлика на тоа дали се лоцирани во или надвор од технолошко-индустриските развојни зони. Тоа e показател дека странските компании водат грижа за подобрување на бизнис-климата во земјава и нивната долгорочна цел е да останат во државата и да отвораат нови работни места, но истовремено ќе ја олеснат одлуката на други странски компании да дојдат во Македонија, согледувајќи ги искуствата на своите колеги кои досега инвестирале во земјава.

– Во моментов во Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство земаат учество дваесет и пет странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони од целата држава. Овие странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата преку креирање нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини, финансиска стабилност и општа благосостојба во општеството, се вели во соопштението.

Next Post

„И стартап е опција“ не само во Скопје

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk