Владата не планира изградба на бегалски кампови потврди министерот за Внатрешни Работи, Оливер Спасовски во заедничката прес конференција со еврокомесарот Димитрис Аврамопулос и финската министерка за внатрешни работи Марија Охисало.
Спасовски рече дека доволни се двата транзитни центри во јужниот и северниот дел на земјата.
А таквите гласини и лажните вести објавени неодамна во земјава денеска ги демантира и комесарот за внатрешни работи и миграција на ЕУ, Димитрис Аврамопулос кој истакна дека ниту се побарани средства за нови кампови од ЕУ иако тие се спремни во секој момент да и помагат на Северна Македонија за справување со евентуален предизвик.
„Ова пред сè е одговорност на Северна Македонија. Ако Владата има потреба за наша финансиска помош тоа ќе се обезбеди, тука сме да помогнеме со нашите експерти за да обезбедиме на Владата и властите соодветна подршка. Меѓутоа до сега не е испратено такво барање, но ако се случи ние сме тука да обезбедиме помош”, изјави еврокомесарот Аврамопулос.
A.Зеќири