ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Иднината на проширувањето на маса на министерскиот состанок на ЕУ

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска прв пат по француската блокада во октомври ќе се навратат на прашањето за проширувањето кон западниот Балкан и преговорите со Северна Македонија и Албанија

November 19, 2019 10:41
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска прв пат по француската блокада во октомври ќе се навратат на прашањето за проширувањето кон западниот Балкан и преговорите со Северна Македонија и Албанија, пренесе МИА.

Советот за општи работи кој се одржува денеска не предвидува никакви конкретни заклучоци, туку само размена на мислења помеѓу земјите членки и обид да се излезе од ќор-сокакот откако Париз ги блокираше преговорите со Северна Македонија со изговор дека е претходно потребна реформа на преговарачкиот процес.

Дискусијата ќе ги вклучи и последните предлози на Франција („нон-пејпер“) за пополитички, пореверизбилен и постепен процес на преговори. Франција сака од Советот на ЕУ до јануари 2020 формално да се побара од Европската Комисија да почне да работи на „нова методологија“. Неизвесно е во овој момент дали овој предлог е целосно прифатлив за земјите поддржувачи на проширувањето, кои се во мнозинство во ЕУ, со оглед на тоа дека за изготвувањето на нова методологија ќе биде потребно доста време, велат дипломатите од неколку земји членки на ЕУ.

Од Европската Комисија засега не ги коментираат француските предлози затоа што не се овластени за тоа, потсети пред неколку дена портпарол на оваа институција.

Не треба денеска да се очекува дека министрите формално ќе побараат од ЕК да почне со новата методологија, пред сѐ затоа што во овој момент сѐ уште не стапил на функција новиот состав на ЕК кој го предводи Урсула фон дер Лајн. Сегашната техничка Комисија нема надлежност да иницира нови политики и стратегии.

Од денешната дебата може да се очекува опипување на пулсот на разните земји членки, но не и краен консензус по оваа тема.

Октомврискиот Европски Совет заклучи дека ЕУ треба да се наврати на прашањето за преговорите со Скопје и Тирана до мајскиот самит во Загреб помеѓу ЕУ и земјите од западниот Балкан.

Во меѓувреме, во Франција ќе се одржат локални избори, а во Северна Македонија парламентарни. ЕУ би требало во текот на тој период да го реши и прашањето за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.

Next Post

Новата методологија подразбира процес на пристапување со крајна цел – членство

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk