Се сметаме за многу рационална и искрена власт, сакаме да слушаме и гледаме низ бројките. Прв левичар во државата барем по функција сум јас, веројатно има луѓе што веруваат многу повеќе во лево ориентираните политки и слично, рече премиерот Зоран Заев во дебатата на јавниот сервис, пренесе Локалкно.мк.
„Ако некој не треба да се откаже не треба јас, но кога ќе видите дека на пресек крај на октовмри имате милјарда и 750 милиони повеќе приходи и влезете во структурата внатре и видете дека тие приходи од персонален данок на доход најповеќе доаѓаат од сите тие 54 000 работни места којшто се створени во последните 2 години и ги определите на импакт на пет, десет месеци и ќе видете дека тие сме меѓу 25 – 30 илјади ќе го пресметате по просечната плата 25,100 по персоналниот данок од 11%, нема 18% само по 11% ќе видите колкав процент преку 60% во овие милјарда и 750 илјади. Кога ќе го ставите порастот на просечната плата од 2297 денари само на неа да определите 10% и новата политика на управа за приходи, таа да ги пушти даночните пријави, односно таа да го собира данокот ќе видите дека повеќе од 92,3 % се должи покачувањето на овие мерки, истакна премиерот Заев.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска пак истакна дека власта многу сериозно ја сфаќам посетата на ММФ.
„Сите институции се спремни буквално да ги отворат сите книги, бдејќи ММФ испитува до бројка, за нас е тест и испитување, да се провериме и самите. За монетарната политика имаше одлични поенти. За следната година невработеноста е планирана за 16%. Ние очекуваме намалување на невработеноста, а не намалување на приходите. Анализата за прогресвниот данок е објавена, но ние не сме далеку од европа во однос на нееднаквоста. Треба да се види дали оваа комплексна даночна реформа ја враќа средната класа. Се работи за реформа која имаше прогресивен и повисок данок. Данокот од игри на среќа останува на 15% и не е еластичен. Сите овие работи кога ќе ги земете предвид, не стравуваме за приходната страна. Ќе прибереме повеќе приходи со адресирање и намалување на сивата економија. Важно е распределување на парите на граѓаните, истакна министерката.