Петрит Сарачини, како реакција на континуираниот напад врз граѓанското општество, активистите за човекови права и новинари што доаѓаат од партијата Левица, денеска на својот профил напиша:
ДАЛИ ЛЕВИЦА ИМ ДАДЕ НА СИРОМАШНИТЕ И БОЛНИТЕ БАРЕМ НЕШТО ОД ДОБИЕНИТЕ РЕЧИСИ 100.000 ЕВРА?
Поминаа многу денови откако Левица доби 94.500 евра од Буџетот на Република Северна Македонија.
Ви текнува ли колку врескаа челниците и пропагандистите блиски до оваа партија, секој пат кога ќе се појави прилика, за расипништвото на партиите и институциите, за укинување на манифестации, прослави, фестивали, сите непродуктивни трошоци? Ви текнува ли колку зборуваа дека сите пари кои не се за неопходни работи треба да се насочат кон сиромашните, кон болните деца, болниците…?
Сега имаат пари. Скоро 100.000 евра. Од „северџанскиот“ буџет. Можност да донираат и низ личен пример да докажат и покажат како треба. Го направија тоа, или почнаа да си отвараат штабови и да трошат пари за пропаганда на социјални мрежи?
https://www.facebook.com/amon.mra/posts/10156466134287155