Денеска околу 15:57 часот А.М., сопственик на угостителски објект во скопски Аеродром, пријавил дека утрово околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како НН женско лице во игротеката физички малтретира дете.
Известен е и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По пријавата полицијата утврди дека станува збор за негувателка/дадилка која била ангажирана да го чува детето.
Од „Дежа ву“ велат дека тие снимката ја пријавиле и во полиција и дека попладнево насилната дадилка била викната на информативен разговор во полиција.
Фронтлајн дознава дека сепак Кривичниот суд не одредил 30-дневен притвор за дадилката како што пренесоа повеќе медиуми.
Инаку, пред три години, на социјалните медиуми беше објавено видео како дадилка тепа и малтретира бебе, во домот на родителите на бебето. Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече казна затвор од една година и два месеца против Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривично дело „Запуштање и малтретирање на дете“.
И.З.Т.