ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Собранието го донесе законот за дополнително финансирање за автопатот Кичево-Охрид

Собранието на Република Северна Македонија со 68 гласа „за“ денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка

November 21, 2019 16:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија со 68 гласа „за“ денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка, пренесе МИА.

Законот предвидува склучување на трет анекс на Договорот за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 179 милиони долари.

Иако и власта и опозицијата ја поддржаа изградбата на овој автопат, и на вториот ден од дебатата спореа за одолжувањето на изградбата на овој автопат, кој е од особена важност за тамошните жители и туристите кои одат за Охрид, за тоа дали се потребни клучките и колку тие се економски оправдани, но и за обвинувањата дека проектот бил криминализиран.

-Сами признавте дека трасата на автопатот не е згрешена, рече Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ за кого средствата предвидени за изградба на клучки за излез на локалните патишта се премногу големи. Тој обвини дека патот Штип-Кочани иако бил почнат многу порано на него не се работи, додека Штип-Радовиш се прави и тоа, како што рече Димков, бидејќи премиерот патува кон Струмица по него.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, го демантираше Димков велејќи дека не е точно тоа што го тврди за премиерот и оти клучките на автопатот им се потребни на локалните жители.

Пратеникот Трајко Вељаноски, иако изнесе низа забелешки, побара од Сугарески побрзо да се изгради оваа делница, со која се доцни веќе 2,5 години, бидејќи тоа е потребно не само за локалните жители туку и за туристите кои одат кон Охрид и тој регион.

Кога Сугарески бил во опозиција, како што рече Вељаноски, велел дека проектот е криминален, додека сега вели дека е добар. – Ги баравте трасата и тунелот, а ништо не сменивте во трасата. Тунелот е истиот. За овие 2,5 години ништо не направивте. Нарушена е безбедноста на тие што патуваат, а има и штета на тоа што е направено. Можевте да викате дека проектот е криминален, но требаше да продолжите да градите. Зошто од ноември 2018 ви требаше една година да го доставите овој закон во Собранието? Има шпекулации дека претходниот министер за финансии не сакал да го потпише овој закон, рече, меѓу другото, Вељаноски. Рокот на изградба е до јуни 2021 година, но пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека тој ќе биде пробиен.

Министерот одговори дека нема дилема дека некој не сакал да продолжи работата на автопатот и дека не било измислено тоа дека проектната документација не соодветствувала со реалната состојба.

Собраниската 116. седница продолжи со измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, за што дебата ќе биде отворена по паузата од еден час.

Next Post

МНР: Неоснована е загриженоста за конкурсите за испразнетите места во ДКП

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk