Поранешните вработени од скопската фабрика Охис излегоа на протест пред Владата, поради што дел од булеварот „Илинден“ е блокиран за сообраќај.
Демонстрантите тргнаа од пред Собранието кон Владата поминувајќи низ центарот на Скопје.
Тие пред Влада извикуваат „идиоти“, „лопови“, искажувајќи го својот револт, барајќи да им бидат исплатени 24 плати и придонеси од плата за 16 месеци.
Поранешните вработени во Охид овие побарувања ги имаат од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Тие имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.
Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.
Досега, поранешните вработени во фабриката повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници.
Б.Б.