ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мицкоски го обвини Заев дека одзел по 450 денари од пензиите

Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари.

November 23, 2019 12:53
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вие се имате вградено во нашата држава, имате работено за неа, сте ја развивале, на ваши плеќи сте носеле цели генерации и периоди, се сте виделе, Вие сте значаен дел и поткрепа на семејствата и јас ви благодарам за се што сте направиле за Македонија!, ова денеска преку видео обраќање го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Вие заслужувате длабока почит и од мене ја имате целосно, вие не заслужувате лаги какви што сака да ви продаде Заев! Заев говори лаги дека ви ги зголемува пензиите, вистината е дека тој ви одзема од Вашите пензии кои ги имате заслужени! Се до 1 јануари 2019-тата година, зголемувањето на пензиите се пресметуваше како резултат на зголемувањето на два индикатори, и тоа, првиот е раст на трошоците за живот, а вториот е половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. И ова покачување се пресметуваше 2 пати годишно, еднаш на 1 јануари, и еднаш на 1 јули во годината. На 1 јануари 2019 година Заев го укина, го избриша од закон вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа фактички ви ги намали пензиите“, вели Мицкоски.

Тој додава дека Заев ги намали пензиите и колку пари пензионерите губат за 2019-та и 2020-та година.

„Просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018-тата година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019-та година, пари кои Заев не ви ги даде, односно ви ги одзеде! Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари. Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или  575 денари месечно просечно“, вели Мицкоски.

Next Post

Психолошката поддршка за лицата со ретки болести да биде системски решена

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk