ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Државниот јавен обвинител може да побара и да соопшти како се делеле бонусите во СЈО

Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители, рече Заев.

November 25, 2019 14:28
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот јавен обвинител е тој кој може да ја побара и да ја соопшти информацијата за тоа како се делеле бонусите во СЈО, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој појасни дека според неговите информации од следењето на реализација на буџетот и неговиот ребаланс, не се трошат секоја година предвидените 228 милиони денари средства кои што се со закон определени за СЈО, пренесе МИА.

-Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители, рече Заев.

Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој  дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители, вели премиерот Заев по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада за Проект за поддршка на изборите реформи.

По она што, вели, тој го има прегледано во целиот овој период ако јавен обвинител во државата зема илјада евра плата, специјалните обвинители земале 1.300 евра, а дополнително на тоа се додатоците коишто ги имаат земано за доверливост, за сигурност, за чување на самите материјали а што со закон е определено како тоа се распределува.

-Но сигурно бројките се далеку помали од тоа што Антонио Милошоски шпекулира или одредени други луѓе. Ве молам во името на професионализмот да ги побарате информациите во делот на самата институција, таму можат да ви дадат директни точни информации заради тоа што се работи за јавни пари. Веројатно таму и службата која што постои може да даде информации. На крајот, одговорноста преку самиот закон е премината, односно предметите имаат своја иднина. Државниот јавен обвинител може да ја побара информацијата и да ја даде. Не би било сходно јас како премиер да барам точна информација  или слично заради тоа што се работи за ЈО, но можат да ви дадат точна информација за сите, вели премиерот Зоран Заев.

Next Post

Кампања на ОБСЕ „Крај за молкот“ против родово базирано насилство

Најново

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk