ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Чистиме со Не биди ѓубре“- на 14 декември голема акција за чистење, администрацијата ќе го одработи 2 јануари

Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

November 27, 2019 12:23
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО

Владата организира голема акција за чистење ѓубре со учество на вработените од државните институции, која ќе се одржи на 14. следниот месец (сабота) на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата. Со акцијата сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Чистиме со Не биди ѓубре“, а воедно ќе го одработат 2 јануари годинава, што беше прогласен за неработен ден, пренесеува МИА.

Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40.000 луѓе. -На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Поради природата на работата, вработените од здравствениот и образовниот сектор, градинките, како и оние вработени чијашто природа на работата не дозволува отсуство од работа, ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ја чистат околината на установите во коишто работат или на друг начин кој ќе го договориме.

За успешна организација на акцијата на вчерашната седница Владата формирала и работна група во која има претставници од Кабинетот на премиерот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, МИОА, Градот Скопје и ЗЕЛС, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта. Онаму кадешто ќе биде потребно ќе бидат обезбедени и соодветни алат и механизација да помогнат во чистењето.

Манчевски апелираме и до локалната самоуправа и институциите на општините, да се приклучат на акцијата и заедно да помогнат за почиста животна околина.

-Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална, со што вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, која е на сите и за сите. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата, нагласи Манчевски.

На акцијата ќе се приклучат и Делегацијата на ЕУ и амбасадорот Самеул Жбогар од каде ќе обезбедат и опрема којашто би ја користеле луѓето при чистењето. Конкретни информации за локациите и распоредот на вработените од институциите ќе бидат објавени во следните денови, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Next Post
Зелен покрив ГТЦ на 13 ноември 2019

Зелениот покрив на ГТЦ никако да се отвори, повторно цел на вандали

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk