ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитров: Да овозможиме компаниите да даваат повисоки плати

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија апелираше компаниите без страв и колебање да ја искористат оваа мерка.

November 28, 2019 16:58
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за субвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и му прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.
– Субвенциите ќе важат за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Нема максимален износ на покачување на плата која компанијата сака да ја направи, но субвенциите ќе важат само за покачување до 6.000 денари. Со оваа стимулација за раст на платите не само што го покачуваме економскиот стандард на сите вработени кои ќе добијат покачување на плати во бизнис секторот туку влијаеме и на зајакнување и раст на економијата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција во УЈП.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска појаснувајќи ја постапката за добивање на субвенциите истакна дека работодавачите барањето го поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата со образец МПИН со внесување на ознака за лицето за кое го бараат субвенционирањето. Со внесување на шифрата, рече таа, УЈП за конкретното лице осигуреник и за работодавачот ја проверува исполнетоста на условите и за тоа го известува работодавачот.
-Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноставен начин да нижат да го остварат правото. УЈП износот го дојавува до МТСП за тоа да ги плати субвенциите на придонесите, за висината на покажувањето на платите, рече Лукаревска.
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија апелираше компаниите без страв и колебање да ја искористат оваа мерка.
Во вакви услови, вели тој, направивме добро решение за разлика од финансиската поддршка само за минимална плата која ја користеа само најлошите фирми со најниски плати. Ова, вели, е субвенционирање на сите плати без разлика на нивната висина, кое, рече, мислам дека ќе придонесе за општ раст на сите плати.
– Овој закон не прави притисок и товар, само олеснува. Минималната плата од декември ќе ги ублажи притисоците на оние со најмали плати. Но тој важи за сите. Ќе го користат трудоинтензивните дејности за исплата на минималната плата, но, и компании кои ова ќе го користат за покачување на плата на своите вработени не само заради законот, туку заради задржување на младите. Македонија се наоѓа во состојба во која од една страна имаме стопанство со структура каква што е со традиционални вредности и ниска додадена вредност, а од друга страна млади кои не прифаќаат да работат за ниски плати. Затоа, мора да се обезбедат услови нашето стопанство полека да го менуваме да имаме компании кои ќе даваат повисоки плати. Така ќе ги задржиме младите тука. Се разбира тоа не може да се направи преку ноќ, но и не треба да се чека со скрстени раце, рече Димитров.
Во врска со тоа дали може да се очекува манипулации на исплата на зголемената минимална плата, тој рече дека може да се очекува се, но начинот на кој треба се се справи државата со тоа се морковот и стапот.
-Морков или субвенции за оние кои ќе сакаат чесно да работат, а контроли и казни за тие кои бараат враќање пари назад на рака, рече Димитров.
Таквите работодавачи, потенцира, го рушат угледот на сите работодавачи и затоа треба да бидат санкционирани.
Next Post

Град Скопје предупредува: За „Блек фрајдеј“ пазете каде фрлате ѓубре и каде паркирате

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk