ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димовски наместо прашања, читаше цитати од Заев

Димовски цитираше одговори на пратенички прашања од премиерот Заев за даноци, придонеси, нови патарини, за меѓународна истрага за Смилковско езеро, Диво насеље, за Никола Младенов

November 28, 2019 15:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната собраниска седница предвидена за поставување пратенички прашања пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски не постави прашање до премиерот Зоран Заев, затоа што, како што рече, се претпоследни пратенички прашања на овој собраниски состав, а  актуелната Влада има уште 25 работни дена, но читаше одговори и ветувања од премиерот дадени од собраниската говорница во многу области, пишува МИА.

Димовски цитираше одговори на пратенички прашања од премиерот Заев за даноци, придонеси, нови патарини, за меѓународна истрага за Смилковско езеро, Диво насеље, за Никола Младенов, за редефинирање на државните институции, за економскиот раст, за прилепски Еурокомпозит, за нови ветерници во Овчеполието, за загадувањето во Тетово од Југохром, за Осломеј и ТЕЦ Неготино, за Чебрен и Галиште дека државата сама ќе ги гради и многу други, и како што наведе, најважното за добивањето датум за преговори со ЕУ.

За потпретседателот на Собранието Горан Мисовски однесувањето на пратеникот Димовски е некоректно и понижувачки за другите негови колеги пратеници и за присутните министри.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека Димовски го искористил правото да нема прашање, туку само да презентира констатации од тоа што премиерот од говорницата го има кажано, а го нема реализирано.  Тој замоли на последните пратенички прашања да бидат присутни сите министри во Владата.

– На оваа седница од 28 министерства и министри, имаме само пет присутни. Ова не е првпат. Односот на министрите во Владата на СДСМ кон пратениците, го отсликува односот на целата Влада кон граѓаните. Ова е веќе редовна пракса на пратенички прашања што се одржуваат еднаш месечно да ни доаѓаат заменици министри, а некои од министрите немаат влезено во оваа сала од денот кога станаа министри, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Диме Велков, пратеник од СДСМ нагласи дека согласно Деловникот на Собранието, член 37, пратеникот има право на премиерот, на член на Владата и на другите носители на јавни функции, кои се одговорни пред Собранието да им постави прашањае, а тоа треба да е кратко и прецизно. Упати апел до неговиот колега Димовски да не се прават и спроведуваат сценарија за да не им се даде можност на премиерот и на министрите да одговорат.

Претходно, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски одговарајќи на пратеничко прашање, изрази надеж дека до крајот на оваа година ќе бидат исплатени парите на околу 600 семејства лозаропроизводители кои веќе го предале грозјето во винарниците Повардарие и Стефани.

Нагласи дека со тоа ќе се исправи долгогодишна неправда кон лозарите.

– Се работи за административна постапка. Земјоделците нема да поднесуваат дополнителни барања, туку се работи за однапред завршена постапка односно Државниот инспекторат излезе и направи контрола и има списоци, изјави министерот Димковски.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во однос на новиот граничен премин Пуљевац со Грција информира дека од Мушов Гроб до Мрежичко се изработени 6,3 километри пат, а се обезбедени финансиски средства во делот на проектната документација. Сугарески потенцира дека интензивно ќе се продолжи со работа во 2020 година.

Next Post

Сопственикот на Дурмотурс пуштен од притвор, понудил гаранција

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk