ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

На НАТО Самитот во Лондон Северна Македонија ќе седне на маса со најмоќните

Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО

November 28, 2019 13:08
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација, во чиј состав ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, која на 3 и 4 декември на Самитот на НАТО во Лондон ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата, пренесе МИА.

За десет месеци Протоколот за пристапување на земјава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки, а во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.
Во Скопје денеска се одржа последниот координативен состанокот пред претстојниот Самит, на кој министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров и шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанкович.

Шекеринска по состанокот изрази благодарност до полковникот Јанкович во име на Владата, но и граѓаните, бидејќи, како што рече НАТО канцеларијата беше тука и во добро и во лошо.
-За неколку дена во Лондон се организира лондонскиот лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки, нагласи Шекеринска.

Таа напомена дека политиката на отворени врати вродила со плод, со добивање на уште една, 30 членка на Алијансата.

Димитров напомена дека земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО и истакна дека веќе е подготвен нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Потсети дека неодамна учествувал по втор пат на министерски состанок на ниво на шефови на дипломатии на земјите од НАТО во Брисел.
-Укажав дека нашиот ентузијазам го насочуваме во завршување на реформите, ја почитуваме заложбата во однос на споделувањето на товарот, како што кажа генералниот секретар Столтенберг, убаво е да се има пријатели, моќни пријатели, рече Димитров.

Полковникот Јанкович изрази задоволство што имал можност со Шекеринска и Димитров да направат резиме на сите случувања и активности пред претстојниот Самит, на кој, како што рече, ќе се дискутираат важни прашања за Алијансата.
-Ќе имате можност да седите на иста маса со лидерите на НАТО, што е важен знак за вашата посветеност и напорите, што ги направивте изминатите две години. Ова е резултат на работата на оваа Влада, но ќе потенцирам дека тука голема заслуга имаат министерствата за одбрана и за надворешни работи, посочи Јанкович.
На прашањето на што ќе треба да се фокусира земјата по официјалното членство, Јанкович рече дека досега напорно се работело, а понатаму треба да се продолжи во насока на интеграција на структурите на Армијата, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи.
Шекеринска се надоврза дека тешката работа не завршува со членството, во многу сфери ќе треба да се вложат големи напори, но олеснителна околност е што земјата во тој процес ќе има поддршка од 29-те сојузници.
Таа додаде дека НАТО е добра платформа за работа и со ЕУ сојузниците. – НАТО и ЕУ се природни и силни партнери и сојузници во желбата за потребите за еден економски стабилен и мирен свет, додаде министерката за одбрана.
Next Post

Манчевски: Дигитална трансформација на административните процеси и услуги во 2020

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk