ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На следната седница да се најдат предлозите за една изборна единица

Предлагачите сметаат дека нема процедурални пречки за измени на Изборниот законик, ниту за неговото спроведување во пракса.

November 28, 2019 15:36
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Парламентарната Иницијативата за една изборна единица на денешната прес-конференција даде дополнителни објаснувања во врска со поднесените две предлог-измени на Изборниот законик, по изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, во која изрази двоумење во изводливоста.

Предлагачите сметаат дека нема процедурални пречки за измени на Изборниот законик, ниту за неговото спроведување во пракса.
– Осумнаесетте потпишани пратеници очекуваат дека двата закона ќе се најдат на дневен ред на следната собраниска седница, во согласност со Деловникот, истакна пратеничката Лилјана Поповска. Поднесени се пред 20 дена, на 8 ноември, а самата иницијатива за измени на изборниот модел е формално започната пред 2,5 месеци, на 11 септември, кога не се зборуваше за предвремени избори. Дополнително, самата тема за промена на изборниот модел се дебатира во јавноста повеќе од една деценија и во моментов има големо разбирање и поддршка за неа од граѓаните.
Што се однесува до првиот предлог-закон кој предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници, тој е едноставен и јасен како закон. Исто така е технички едноставен и изводлив процес, кој бара само нов формулар за гласачките ливчиња и нов софтвер за пребројување на гласовите. Гласачките места и одбори остануваат исти, различно е само собирањето на гласовите, кои одат сите на едно конто.
Вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници, што досега ниедна партија не го оспорила, а е исто така барано подолго време од граѓаните. Втор елемент во овој закон е замената на родовата квота од 40 отсто со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори. Ова е долгогодишно барање на женското движење во Македонија и предлог на Клубот на парламентарки.
Како што нагласи пратеникот Рубин Земон, со предлог измените на Изборниот законик, воопшто не се задира во досегашниот изборен модел. Тој може да биде: мнозински, пропорционален или комбиниран. Со предлог измените останува пропорционалниот модел и Донтовата формула за пресметување на мандатите. Се менуваат само изборните единици, од шест во една изборна единица.

Севкупно, Иницијативата за една изборна единица и сите потписници на двата предлог-закона се убедени дека со овие измени сериозно ќе се демократизира македонското општество.
Next Post

Сеир: Со кого е опседнат Христијан Мицкоски?

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk