ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Топ тема: На штитениците се гледа како на криминалци без да се запознаат

Тројцата малолетници кои привремено беа дислоцирани за да не се соочат со револтираните жители се вратени во куќата во Визбегово

November 28, 2019 11:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
– Во домот „Ранка Милановиќ” затекнавме ужас од установа, што беше доволно за нас да напишеме посебен извештај и да побараме итно преземање мерки за преместување на децата, изјави заменик-народниот правобранител Васка Бајрамоска-Мустафа во врска со случувањата во Визбегово каде што жителите се противат три деца од домот да живеат во куќа во нивното соседство, во  емисијата „Топ тема” на ТВ Телма.

Тројцата малолетници кои привремено беа дислоцирани за да не се соочат со револтираните жители се вратени во куќата во Визбегово. Според Душан Томшиќ, советник во Министерството за труд и социјална политика, незадоволните граѓани кога се жалат од децата ги нарекуваат „криминалци” без да ги познаваат, со што се крши Конвенцијата за права на детето.

– Најголем дел од нив низ годините биле во домот за деца без родители „11 Октомври”, оттаму во „25 Мај” и поради лоши работи што ги правеле стигнале до „Ранка Милановиќ”. Промената е што тие сега добиваат семејна грижа. Оваа куќа не е нивно трајно живеалиште, туку е систем кој ќе им даде поддршка да живеат самостојно, да ги научи на подобри навики и да добијат образование кое не го добиле зашто не оделе на училиште и крајната цел е потоа да живеат каде што сакаат – рече Томшиќ.

 

 

Џабир Дерала од Цивил, укажа и на поширокиот контекст на проблемот во Визбегово, со тоа што рече дека децата кои живеат таму се школуваат во училишта во Скопје, но македонските деца во Карпош, а албанските во Чаир.
– Во Визбегово децата немаат услови, немаат училиште. Децата од албанската заедница се носат со мини-буси во некој дел од Скопје. Во Чаир и таму учат на албански јазик и потоа се враќаат, а децата од  македонската заедница одат во други училишта.  Имате деца кои ги носите во два различни дела од градот, а потоа во попладневните часови ги враќате дома. Тие нам никогаш да живеат заедно, не комуницираат и се сегрегираат – рече Дерала и сугерира институциите да изградат едно големо училиште, во кое сите деца би се школувале заедно.

Визбегово се крена на нозе, и протестираше против деца – поранешни штитеници на домот „Ранка Милановиќ“, а не стивнуваат реакциите, за тоа дали овој протест е вистинската слика на нашето општество, полно со предрасуди или е негрижа, себичност или ова е само изолиран случај.

Б.Б.
Next Post

Он лајн ќе се набавуваат билети за скијачкиот центар „Ресорт Маврово“

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk