ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Екс-безбедњакот на Иванов вечерва на средби со претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во тетовскиот клуб „Фретели“. Како е поврзано тоа со последните настани во судството?

Имајќи ја предвид „кариерата“ на Алексоски, може многу лесно да се претпостави дека неговите ноќни средби се поврзани и со најавите на ДУИ дека „ќе се консултира со странски експерти“ за иницијативата на СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување.

November 30, 2019 22:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Синиша Алексовски вечерва е забележан во тетовскиот клуб „Фретели“, на средби со претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. „Дали оваа средба е поврзана со последните скандалозни настани во судството?“ – ни пишува нашиот извор кој испрати повеќе фотографии на адреса на FRONTLINE.MK. Тоа е добро прашање.

Синиша Алексоски во „Фретели“ на советување со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Имајќи ја предвид „кариерата“ на Алексоски, може многу лесно да се претпостави дека неговите ноќни средби се поврзани и со најавите на ДУИ дека „ќе се консултира со странски експерти“ за иницијативата на СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Како што е познато, по три години, јавноста беше шокирана со ненадејната иницијатива на петте уставни судии да ја поништат одлуката на Иванов да ја повлече својата аболиција на осомничените високи функционери на режимот на Груевски во 2016 година.

Можеби токму Алексоски е тој „странски експерт“, па вечерва е на „советувањето“ во тетовскиот клуб „Фретели“, инаку познат како собиралиште на функционери на поранешните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Да се потсетиме. Синиша Алексоски ќе остане запаметен како човекот кој беше посочен како еден од организаторите на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Покрај Алексоски, како организатор беше посочен и Борис Јосифовски, генерален секретар во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, според сведочењето на своевремено обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

Како што откри Нинџа во текот на судењето минатата година, од кабинетот на Иванов во тоа време пристигнала и информацијата дека ќе биде прогласена воена состојба.

Синиша Алексоски е познат и по тоа што е еден од организаторите на „Бојкотирам“, а е извонредно активен и на социјалните мрежи под голем број псевдоними, меѓу кои и Докторот, Самурај, Агло, Јосип Броз Тито, Самсингчен, а го администрира и корисничкото име Бојкотирам.

Во кабинетот на Иванов доаѓа по ургенција на сопругата на Иванов, од полицаец во составот на полициската единица „Алфи“ на позицијата експерт за меѓународна безбедност.

Џ. Дерала

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сугарески: Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ пуштено на најјако

НАЈНОВО

Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија ,

September 7, 2025

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk