Еден од најпопуларните светски агрегатори на ТВ и филмски новости, Rotten Tomato објави ексклузивни сцени од новата, финална сезона од мегапопуларната ТВ серија „Викинзи“ на History Channel, а чија ТВ премиера во САД е закажана на 4 декември годинава.
Поразен од неговиот полубрат Бјорн Ајронссајд во Категат, прогонетиот Ајвар Бенофон (Алекс Хег Андерсен) скита по патот на свилата на чело на сѐ помала група на приврзаници. Да ги погледнеме ексклузивните сцени од новата сезона.