Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека до денеска се собрани 5.154.730 денари или 83.749 евра, преку жиро сметката на фондот за солидарност и телефонските броеви за донации, за помош на настраданите од земјотресот што ја погоди Албанија, пренесе МИА.
Како што се наведува во соопштението, донациите се собрани со подршка на граѓаните, компаниите Имморекс Македонија ДОО, Гемак Трејд, Паркланд, Комерцијална Банка АД Скопје, Здружение на Пензионери Лабу47, Црвен крст на град Скопје, Општински организации на Црвен крст, како и дел од музичката естрада.
На располагање се телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари.
Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.