Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои учествуваа во престрелката во Александар Палас, пренесе А1он.
Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со маски и со автомати. Секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.
Во полициската станица Карпош приведени се на распит двајца од вкупно петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас. Други двајца од оштетените утрово биле на распит. Неофицијално, според извори на Телма, приведените пишувале заканувачки пораки до полицијата велејќи дека од припадници на полицијата се виновни што било пукано кон нив. Сè уште се трага по напаѓачите кои биле маскирани.
Пред два дена во хотелот Александар Палас во Скопје имаше пукање од огнено оружје.
Извор: А1он