ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мерсиха Смаиловиќ: ЦИВИЛ преставува платформа која или ќе ти помогне да ги носиш вреќите или ќе ти го расчисти патот во разноликоста

Активистката Мерсиха Смаиловиќ на Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ по повод одбележување на 20 годишнината на ЦИВИЛ, зборуваше за своето искуство со организацијата и искористувањето на граѓанскиот сектор како простор за промоција и заштита на човековите права и слободи

December 3, 2019 14:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Активистката Мерсиха Смаиловиќ на Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ по повод одбележување на 20 годишнината на ЦИВИЛ, зборуваше за своето искуство со организацијата и искористувањето на граѓанскиот сектор како простор за промоција и заштита на човековите права и слободи, пишува Цивил Медиа.

„20 години за мене се многу години, не дека сум помлада генерација но дефинитивно значи многу. Затоа сакам да им го честитам јубилејот на целиот тим со кој јас имам прилика да соработувам.

Некои тоа го бројат во години, но за мене тоа претставува простор каде што можам слободно да ги искажам своите мисли. Еден отворен простор каде што никогаш немаше цензура на критичкиот осврт на она што сакаме да го кажеме.

ЦИВИЛ за мене претставува простор каде има можност за една отворена мисла, критичка можност за алтернативни решенија. Простор во време на теснотија и звук во време на тишина. Секогаш во најтешките моменти на мојот активизам пишував текстови во ЦИВИЛ затоа што сметав дека така ќе остане пишано и ќе допре до што поголем број на луѓе.

Како што борбата за граѓанското општество, правата, слободата беше важна во времето на режимот, подеднакво е важна и претставува вистински предизвик и сега. Бидејќи во секое време и во секој простор постои еден период на игноранција и незнаење, постои простор и можност за дискриминација, постои можност да се кршат основните човекови права и слободи. Тука зборувавме за Универзалната декларација за човекови права и секогаш се спомнува еден збор – достоинство. Но мислам дека понекогаш забораваме што тоа достоинство значи. Како да го почитуваме достоинството на другиот?

Секојдневно слушаме и гледаме на телевизија, протести за разни групи во нашето општество, без разлика дали се тоа деца, жени, бегалци, мигранти… Секогаш има некоја друга група која ќе излезе и ќе го негира достоинството на таа група. Достоинството може да го почитуваме само ако го признаеме. Дека секој од нас го има тоа достоинство.

Во својот активизам, секој поединец од нас има некој товар кој го носи со себе. Разноликоста во многу општества се слави. Кај нас разноликоста со себе носи некој свој товар и тешкотии. Некои вреќи. Секој од нас е натоварен со некои вреќи кои ги носиме на својот пат. Така и јас. Затоа за мене ЦИВИЛ преставува платформа која или ќе ти помогне да ги носиш вреќите или ќе ти го расчисти патот во разноликоста која ја носиш и која ја негуваш.

Јас можам само да ви посакам успех и секогаш да останете тоа што сте. Можност за нас да се потпреме и да бараме некој модел каде што ќе можеме да комуницираме, да говориме и дефинитивно да придонесете за градење на едно цивилно општество каде што ќе се негува тој граѓански дух, каде ќе се негува достоинството на поединецот без разлика на тоа со каков товар тој доаѓа. Уште многу години останете уникатни, универзални и достапни за сите нас!“

Next Post

Рускоска: Јанева влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk