Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел вели дека и покрај отворените прашања и дебатата за методологијата на проширување на Европската Унија овој процес не може да се доведе во прашање.
„Мора да го одржиме моментумот и да продолжиме со сите земји членки да работиме за сите да сфатат дека не можеме да ја затвориме, ниту да ја укинеме ЕУ перспективата за земјите од Западен Балкан“, вели Борел.
Шефот на дипломатијата на ЕУ во својата прва дебата со пратениците на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент оцени дека политиката на Унијата кон Западен Балкан мора да остане на врвот на европската агенда и дека меѓу земјите-членки мора напорно да се работи на подготовки за самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб 2020 година.
„Тоа ќе биде клучна точка за давање одговори за проширувањето“, изјави Борел.
Жозеп Борел нагласи сека не било можно да се избегне војната во поранешна Југославија и оцени дека станува збор за голема трагедија.
„Наследството од таа трагедија створи поделби, сиромаштија и судири на етнички и национални основи, а Европа е единствена која може да понуди решение за оваа ситуација“, вели Борел.
Тој најави дека лично во рамките на Европската комисија , чиј потпретседател е, силно ќе се ангажира за регионот.