ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ХЕРА: Нема реална евиденција за стапката на насилство и сексуална злоупотреба на девојчиња и жени со попреченост

Просто кажано, во тие случаи, службениците не ѝ верувале на жената што поднесува пријава, истакна Матевска.

December 4, 2019 12:47
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 3 декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, во хотелот „Арка“ во Скопје се одржа трибина на тема „Унапредување на спречувањето и на сеопфатниот одговор во случаи на насилство и сексуална злоупотреба на лицата со попреченост, посебно на девојчињата и жените“, пренесе МИА.

Дискусијата е дел од кампањата под наслов „Нема оправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Организатори на собирот беа здружението „Полио плус“ и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Дискутантките истакнаа дека насилството и сексуалната злоупотреба се потенцијална закана за секоја жена, но жените и девојките со попреченост, во таа смисла, се поранливи, во повеќе аспекти. Во тој поглед, претставничката на ХЕРА, Весна Матевска посочи неколку примери кога жртва се одважила да пријави во полиција, но тоа никако не отишло докрај, затоа што бил поставувани посебни услови за утврдување на веродостојноста на исказот. – Просто кажано, во тие случаи, службениците не ѝ верувале на жената што поднесува пријава, истакна Матевска.

Тоа, според Матевска, е една од најголемите пречки за водење реална евиденција. – Немаме точни податоци за стапката на насилство и сексуална злоупотреба на девојчињата и жените со попреченост. А и да сакаме да поведеме евиденција, немаме заверени пријави. Таквите пријави во голем број, едноставно се отфрлаат, додаде таа.

На дискусијата присуствуваа и Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител, како и Весна Ивановиќ-Кастаред, претставничка на Канцеларијата на Телото на ОН за родова еднаквост и поддршка на жените (УН Жени).

– Од усвојувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и нејзиното ратификување во земјава во 2006 година, направени се напори да се остварат нејзините заложби. За жал, како на глобално, така и на национално ниво, жените и девојките со попреченост се поранливи и поподложни на двојна или повеќекратна дискриминација врз основа на нивната попреченост, род, етничка припадност, возраст, место на живеење и слично. Со одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, целиме да ја подигнеме свеста, а особено на жените и девојките за нивните права како и важноста од унапредување на превенцијата од сексуално насилство и зајакнување на мултисекторскиот одговор на давателите на услуги, истакна Ивановиќ-Кастаред.

Next Post

Заев со специјален поздрав до Николовски од "Downing 10"

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk