ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Дивеењето во училиштата мора да престане, а инволвираните да понесат одговорност

Потребна е итна истрага за мотивите и заднината на оваа серија инциденти.

December 5, 2019 16:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја изразува својата загриженост околу содржините коишто се објавени на инстаграм профилот „Најлудите школски видеа“. Последните вести за однесувањето на учениците во училиштата ширум земјата мора да се сфатат крајно сериозно и институциите веднаш да реагираат соодветно на законските одредби. Потребна е итна истрага за мотивите и заднината на оваа серија инциденти.

Бараме итно да се пронајдат администраторите на овој профил, како и сите учесници во инцидентите што се снимени и објавени на социјалните мрежи.

Истовремено, ги повикуваме директорите на училиштата, педагозите, психолозите и стручните служби, како и советите на родителите, итно да преземат сериозни активности, вклучувајќи формирање работни групи кои ќе понудат итни и ефикасни решенија да се надмине оваа немила појава. Тоа подразбира и преземање решителни и остри дисциплински мерки за сите инволвирани, но и поведување истрага и законски санкции за сите што овие инциденти ги овозможиле, мотивирале или не реагирале соодветно на своите надлежности.

Ги повикуваме родителите сериозно да се ангажираат, да соработуваат со стручните служби и со надлежните институции како што се полицијата и јавното обвинителство и да се вклучат во решавањето на овој проблем.

Исто така, ги повикуваме Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат итно да се вклучат во справувањето со оваа закана.
Загрижува и фактот што на дел од видеата каде се гледа недоличното однесување на учениците се присутни и претставници на наставниот кадар. Оваа тортура на соученици и професори мора да престане, а инволвираните да сносат целосна одговорност. Не смееме да останеме неми пред ваквото дивјачко однесување, велат од ЦИВИЛ.

Имено, деновиве се појави текст на fakulteti.mk кој пишува: Македонски ученици палат клупи, ги фрлаат низ прозорец, кршат врати, пушат, се снимаат и постираат на Инстаграм.

„Најлудите Школски Видеа. Доколку сакате и вашето видео да биде објавено, пратете ми го. Придружи ѝ се на армијата од 15.000 Багабонти“, пишува во описот на групата.

Група на „Инстаграм“ која се вика „Crazy.school.videos.mk“ објавува видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар, се смеат и сето тоа го снимаат. Но, доведуваат во опасност и многу други ученици.
Групата веќе има 100-ина постови и 15.000 члена. Некои од видеата се позајмени од странски земји, но на некои веднаш може да се утврди дека станува збор за македонско училиште бидејќи учениците зборуваат на македонски јазик. „Ќе ги запали брат, ќе ги печи, нафора“, коментира ученик додека друг пали со запалка некоја црна материја на клупата. Проблемот е што групата секојдневно се зголемува, а админите повикуваат и други ученици да снимаат вакви видеа и да им ги испраќаат за да ги објават.

Инстаграм-групата „Најлудите школски видеа“ (Crazy.school.videos.mk“) беше избришана во текот на вчерашниот ден, најверојатно од самите админи по објавувањето на нашата сторија. Засега не е познато во кои училишта во Македонија се случувал вандализмот, но од Министерството за внатрешни работи ни изјавија дека од вчера Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапува по овој случај.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

July 11, 2025

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

July 11, 2025

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk