Вредеше! Дадовме збор и донесовме резултат.
Денес, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… имаше чувство дека победил, дека успеал, дека има причина да биде горд. После години „чмаење” пред вратите, денес бевме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз.
Овој наш успех не беше лесен ниту извесен. Најлесно беше да се биде песимист и да се жали над нашата судбина. Но, решивме поинаку – да бидеме амбициозни, ама и да се бориме и да сработиме. Резултатот покажа дека сме биле во право.
Тепањето, малтретирањето… лагите, пропагандата против сите нас со државни пари… постојаното оцрнување, па и крвта на 27 април… сето тоа денес избледе. Вредеше и тоа да се истрпи, и тоа да се преживее – за да денес можеме да кажеме дека напишавме историја!, напиша вицепремиерката министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил, која заедно со премиерот Заеви, вицепремиерот Османи и министерот за надворешни работи Димитров, учествуваа на Самитот на НАТО во Лондон.