ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Куририте манипулираат со најранливите пласирајќи вест стара 3 години со сегашен датум

Подла манипулација со времето на пласирање на вест од страна на порталот Курир.мк. Овој пат избрале да манипулираат со јавноста така што ќе постираат вест стара 3 години како да се случила денес. Целта е да се дигне тензија кај граѓаните и да се предизвика недоверба и револт спрема актуелната власт

December 7, 2019 21:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ

Подла манипулација со времето на пласирање на вест од страна на порталот Курир.мк. Овој пат избрале да манипулираат со јавноста така што ќе постираат вест стара 3 години како да се случила денес. Целта е да се дигне тензија кај граѓаните и да се предизвика недоверба и револт спрема актуелната власт.

Темата е внимателно одбрана (социјален случај онеправден од институциите) а се цили на емпатијата како силна човечка особина. Насловот на веста на Курир и СДК.мк се безмалку исти, а иста е и содржината па дури и насловната фотографија е идентична.

„Осумчлено слепо семејство, трипати одбиено за социјален стан“, е наслов на порталот „Сакам да кажам“ од 6 декември 2016 година. Веста пред 3 години е преземена и од повеќе други портали.

Погледнете ја веста пласирана од Курир мк со денешен датум 7 декемви 2019 година  

Веста пренесена на Курир дава линк до веста на СДК.мк, дури кажува и дека фотографијата е преземена од тој портал. навидум извонредно коректно пренесена вест.

Можат тие да се вадат на сè и сешто, од тоа дека ништо не е спорно, па се до тоа дека е ненамерна грешка и превид со датумот. Но тие од Курир нема ни тоа да го направат, затоа што не им е гајле дали манипулираат со чувствата на читателите се додека ја постигнваат целта и точно знаат кој ќе е ефектот што ќе го добијат со објавување стари вести со нови датуми.

Какви се овие школи, кои се овие новинари?

Следете внимателно, ќе има вакви манипулации се повеќе и повеќе како ќе се ближи датумот на изборите. Покрај агресивните политички конструкции, се повеќе ќе има и вакви медиумски манипулативни и навидум ненамерни грешки.

Благодарност до активистката Видана Б. Мицевска за воочувањето на оваа манипулација.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Најчевска: Случајот со баба Перса е најголем можен доказ дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се исти

НАЈНОВО

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

August 19, 2025
СДСМ

СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер за испитниот центар во Битола, кој во МВР ќе одговара?

August 19, 2025

Под власта на семејството Асад исчезнале околу 300.000 луѓе во Сирија

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk