ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претстава за запознавање со надлежностите на Народниот правобранител

Влезот е бесплатен за посетители. Предвидено е „Хумана приказна” да гостува и во други градови во земјава. 

December 7, 2019 11:46
in КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во кино „Фросина“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Хумана приказна” од Кaтерина Момева  во режија на Бесфорт Идризи. Таа е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција е на „Онлимит медиа“ и во партнерство со Народниот правобранител, пренесе МИА.

Целта е да ги запознае граѓаните. пред сè младите и жените, за надлежностите на институцијата Народен правобранител, да го зголеми присуството на Правобранителот во руралните подрачја и да ги промовира професионалноста, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на Народниот правобранител.

– Театарската уметност може да послужи како алатка за поврзување на Народниот правобранител со обичните луѓе. Користејќи театарски техники, како што се дијалогот, персонификацијата, сценското прикажување на различни примери и ситуации, претставувањето на обете страни (злоупотребувачот и злоупотребениот), публиката има можност да проследи сцени од секојдневието, разни сценарија што на прв поглед може да изгледаат безизлезни, но, со оглед на надлежностите на Правобранителот, тие сценарија на крајот ќе имаат среќна завршница, соопшти продукцијата.

Претставата е тријазична (македонски, албански и турски), постмодерна и со фрагментарна структура што прикажува различни ситуации во кои учествуваат различни личности. На крајот публиката ќе има можност да учествува во дискусија со Народниот правобранител.

Влезот  е бесплатен за посетители. Предвидено е „Хумана приказна” да гостува и во други градови во земјава.

Next Post

Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk