ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Три лица под истрага за трговија со кокаин

Поради несогласувања со неидентификувано лице, осомничениот го оставил автомобилот на бензинска пумпа во близина на Бујановац, а другите двајца осомничени со друго возило дошле по него.

December 7, 2019 15:04
in КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани оперативни информации и сознанија по насока на јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција  во која тројцата осомничени се лишени од слобода и изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. По предлог на обвинителството на осомничените со решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство.

Според првичните сознанија откако братот на еден од осомничените, кој живее во Швајцарија, набавил наркотична дрога – кокаин од страна на тројцата осомничени бил организиран транспорт на истата до Скопје. Еден од осомничените кон крајот на минатиот месец авионски отпатувал во Швајцарија од каде со возило „Сеат Леон“ во кое била сокриена дрогата се упатил кон РС Македонија.

Поради несогласувања со неидентификувано лице, осомничениот го оставил автомобилот на бензинска пумпа во близина на Бујановац, а другите двајца осомничени со друго возило дошле по него. При обид за влез во нашата држава, на граничниот премин Табановце, осомничените биле задржани и при претрес на возилото бил пронајден клучот од паркираното возило.

-Во соработка со Вишото јавно обвинителство во Врање и српската полиција се преземени дејствија и при претрес на возилото, во делот под резервната гума, е пронајдена прашкаста материја со тежина од 901 грам која со прелиминарен тестер покажува дека се работи за наркотична дрога – кокаин. Доказите и вештачењето на дрогата во текот на вчерашниот ден се доставени до надлежниот обвинител од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во понатамошниот тек на постапката соработката со органите на Р.Србија ќе продолжи преку меѓунарона правна помош, велат од Јавното обвинителство. 

Next Post

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

НАЈНОВО

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025
Скриншот

ДИК: Одземени акредитации на осум набљудувачи во Шуто Оризари поради злоупотреба и агитирање

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk