Турскиот министер за надворешни работи; Мевлут Чавушоглу, ги прими на краток разговор претставниците на ВМРО-ДПМНЕ (на фотографијата горе).
Високите функционери на оваа партија, што е под меѓународна блокада веќе со години, се насмеани од уво до уво, радосни како мали деца. Како што стојат работите со оваа партија, чиј лидер се фали дека е стипендист на германската и италијанската влада, можат да се надеваат само уште на прием во Турција или било каде источно од нашата земја.
Во просторијата каде што биле примени овие „патриоти“, високиот претставник на турската влада не ги удостоил ниту со чај, а за македонско знаме не станува ни збор. Останува нејасно дали функционерите на вемерето успеале да добијат совет како да го покријат долгот од 400.000 евра што противзаконски го направиле за време на изборната кампања на нивната кандидатка. Средбата била прекратка за да добијат шанса за било што да разговараат.
Од извори блиски до чајџилницата, каде што седнале вемеровските високодостоинственици да земат душа, дознаваме дека чајџијата им подарил мапа на Румелија и им кажал, следниот пат кога ќе кандидираат некого за претседател-ка, да ги научат имињата на градовите каде што одат на митинг. Тие едногласно му одговориле со „тешеќур, аби“. Тој не им наплатил. На испраќање, им дал фотографија од Чавушоглу и Димитров, за спомен и долго сеќавање.
Тие го увиделе остриот контраст на снимките од средбите на Чавушоглу со претставниците на македонската влада во јули оваа година, но решиле да продолжат со својот пи-ар, оти немаат друг избор.
Џенем бег Јлдрм (Cenem beg Yıldırım)
експерт за Мала Азија и СССР