Престижниот „Авто билд“ го анализираше годишниот извештај на германската Асоцијација на технички прегледи и ги избра најдобрите половни возила во ценовен ранг до 5.000 евра.
Автомобилите се поделени врз основа на годините на производство на 2-3, 4-5, 6-7, 8-9 и 10-11 години старост.
Во три категории на најстари модели без конкуренција е Волксваген Голф Плус. Со оглед на тоа дека се смета за „пензионрски“ модел, јасно е и зошто е толку популарен.
Голф плус нема некои изразени маани, а многу е застапен на пазарот на половни возила па изборот е повеќе од солиден.
Цените на Голф со повисок покрив се движат од 1.800 за нешто постарите и примероците со поголема километража.
Во групата возила со постар „извод на родени“ се препорачуваат уште и Форд фокус кој може да се најде и за 1.000 евра, а нуди доста простор покрај долготрајност.
Иако е нешто поскап за одржување, многу е рационално да се купи и Ауди А3 стар 8-9 години со оглед на квалитетот на изработка и доверба, покрај големата километража.
Во препорачани модели кои се ближат кон втората деценија од „животот“ спаѓа и Волкваген Голф IV кој може да се најде од 3.800 евра во Германија.
Ако ви е потребен градски автомобил стар од 6-7 години, Авто билд, пред се ја препорачува Мазда 2 по цена од 2.200 евра, која не е позната по некои слабости.
Што се однесува на возила стари од 4-5 години старост, тука се истакнуваат Сузуки SX4 кој за 3.100 евра може да биде одличен избор ако ви е потребен модел кој нуди и погон 4×4.
Ако имате ограничен буџет тогаш подобро е да се фокусирате на потрага по Пежо 308, а францускиот адут доколку редовно е одржуван нуди многу за 2.500 евра.
Доколку може да „дофрлите“ до 4.500 евра, а барате семеен автомобил евтин е за одржување, покрај Опел мерива не мора да барате ништо друго.
Оние кои немаат доверба во автомобили кои излегле од гаранција, значи бараат 2-3 години старо возило до 4-5.000 евра, пред сите се препорачува Тојота јарис и Волксваген поло кои одлично се држат за цената и по неколку годишна употреба.