ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите

Агенцијата за остварување на правата на заедниците организираше Панел-дискусија „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“, по повод 10-декември - Меѓународниот ден за човекови права, која се одржа во хотел Холидеј Ин – Скопје. Настанот е дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“, финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.Панел дискусијата имаше за цел зајакнување на свеста на пошироката јавност за почитување на основните права на граѓаните кои припаѓаат на помалубројните заедници во Република Северна Македонија

December 11, 2019 12:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за остварување на правата на заедниците организираше Панел-дискусија „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“, по повод 10-декември – Меѓународниот ден за човекови права, која се одржа во хотел Холидеј Ин – Скопје. Настанот е дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“, финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.Панел дискусијата имаше за цел зајакнување на свеста на пошироката јавност за почитување на основните права на граѓаните кои припаѓаат на помалубројните заедници во Република Северна Македонија.

На огромно задоволство на АОПЗ, во првиот дел од дискусијата воведни обраќања имаа г-дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, г-дин Бујар Османи, Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, г-дин Фрејк Јанмаат, во име на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

„Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет. Тоа не треба да го правиме за политички или маркетиншки цели или поради тоа што некој друг го бара од нас, туку затоа што тоа е реална потреба на нашите граѓани за нивен личен, но и за севкупен општествен развој. Ние сме мала земја и сите граѓани ја делат заедничката судбина. Доколку нашите соседи, нашите најблиски се несреќни, не можеме ниту ние да бидеме среќни.“ – Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија

Заменик Претседателот на Владата, г-дин Бујар Османи зборуваше за важноста на европските интеграции за нашето мултиетничко општество, потенцирајќи ги договорите со Бугарија и Грција.

Во вториот панел учествуваа Ерван Фуере, вонреден соработник за истражувања во Центарот за европски политики, Брисел и поранешен амбасадор на Европската унија за Република Северна Македонија, Проф. Др. Јагода Новак, експерт за човекови права и интеграција од Р. Хрватска, Проф. Др. Алесандро Симони, професор на катедра на правни науки на Универзитето во Фиренца, Италија. Тема на вториот панел беа европските практики во однос кон малцинствата.

Поранешниот амбасадор Ерван Фуере потенцираше дека силата на Р. Северна Македонија е во нејзината мултиетничка природа.

Во третиот дел, насловен „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија, предизвици и перспективи“ учество земаа Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозоски, Претседател на Координативно тело за изготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, Проф. Др. Мирјана Најчевска, универзитетски професор, Мерсиха Смаиловиќ, НВО Активистка и Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман.

На крајот од третиот дел свое учество во настанот зема и присутната публика, составена од повеќе министри, пратеници, претставници на невладините организации на заедниците, претставници на амбасади на наши пријателски држави, јавни личности од политичкиот живот во нашето општество.

Модератор во трите дела беше Џелал Хоџиќ, заменик-директор на АОПЗ, кој им се заблагодари на сите учесници и на сите присутни на овој многу важен настан за Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Next Post

Полиестердеј не наплатил од ВМРО-ДПМНЕ за изборите 22 милиони денари, а Монт од Полиестердеј 17 милиони денари

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk